Претседателот на Собрание, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собрание на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес.
Стевановиќ ја истакнал посветеноста на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и ја потврди силната поддршка на Словенија за европската интеграција на Македонија.
Од своја страна, претседателот Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот на реформите и европската интеграција, нагласувајќи ги предизвиците и важноста од унапредување на овој процес за стабилноста и развојот на земјата и регионот.
Соговорниците ја оцениле и улогата на студентите како важен мост меѓу двете земји, кој придонесува за зајакнување на билатералните односи и градењето на заедничка европска иднина.
Гаши и Стевановиќ се согласиле за понатамошно зајакнување на партнерството и соработката меѓу двете земји.


