Професорите ја реизбраа Билјана Ангелова, актуелната ректорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на денешните избори за прв човек на најстариот универзитет во земјава, пренесува Радио Лидер.

Како што информираат за Радио Лидер извори од изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени.

Биљана Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет.

Exit mobile version