Србија продолжува да ниже фантастични резултати: Први во Европа и петти во светот по број на ревакцинирани на коронависрусот

 

Досега во Србија се дадени 2.040.313 дози вакцини за коронавирус, а втората доза ја примиле 791.269 лица, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Србија е прва во Европа и петта во светот според бројот на ревакцинации на милион жители, зад Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Србија е прва во регионот според вкупниот број на ревакцинации, по што следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

Србија е втора во Европа по бројот на вакцинации на милион жители, по Велика Британија и прва во регионот. Зад Србија во регионот се Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега