Србија одби да ги почитува новите мерки на ЕУ против Иран

 

 

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитувала новите рестриктивни мерки на ЕУ против Иран.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска соопшти дека на одлуката усвоена од Европскиот совет на 27 јуни ѝ се приклучија земјите кандидати: Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка и членки на Европската економска област.

Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуката на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, се додава во соопштението.

13.07.2022 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега