Срамен пораз сред Скопје: Аутсајдерот Албанија ја изненади Македонија

Македонските одбојкари вечерва загубија по четири сета со 25-23, 20-25, 17-25 и 22-25 од Албанија во „Борис Трајковски“.

Албанците беа во серија од 10 порази по ред на европската сцена, но успеаа да ги изненадат македонските одбојкари и да им го искомплицираат патот до следната фаза во Европската сребрена лига.

Македонските одбојкари вечерва разочараа со нивниот настап, затоа што одиграа многу полошо и му дозволија на аутсајдерот да се израдува на голема победа.

Македонија и Албанија го делат второто место во групата со по четири бода, додека прва е Романија со шест, а БиХ има два бодови.

01.06.2022 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа