Close Menu
Press24
    Најново

    Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој

    30.10.2026 во 12:03

    ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања

    30.10.2026 во 11:50

    Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток

    30.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:182 Mins Read
    Општина Кисела Вода
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода вечерва организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во општината.

    Настанот ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува околу 560 ученици да присуствуваат и заеднички да го одбележат крајот на деветгодишното образование.

    За забавниот дел се предвидени настапи на музичкото дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, како и настапи на самите ученици.

    Од Општината истакнуваат дека ова е втора година како се организира ваква заедничка и бесплатна полуматурска прослава, а концептот за годинашниот настан е изработен врз основа на предлозите на учениците.

    Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која претходно се сретнала со претставници на деветтоодделенците од сите училишта, посочи дека целта е младите директно да учествуваат во креирањето на настанот.

    – Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Нашата задача е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните идеи да станат реалност – изјави Стаменкоска Трајкоска, нагласувајќи дека се очекува учениците да создадат убави спомени пред да започнат новата етапа во образованието.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18

    ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило

    30.10.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.