Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 04.03.2026 во два наврати во населбата Баглак и во с.Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и упатување на закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.

