Обединетите нации во својот најнов извештај откриваат дека новата сириска власт била цел на серија планирани ликвидации во текот на изминатата година. Според документот подготвен од Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, спречени се дури пет обиди за атентат врз претседателот Ахмад ал-Шараа, како и врз министрите за внатрешни и надворешни работи.
Зад овие напади, кои требало да се случат во Алеп и Дара, стои групата „Сараја Ансар ал-Суна“, која ОН ја дефинира како параван на Исламска држава (ИД).
Во извештајот на Антонио Гутереш се вели:
„ИД сѐ уште активно се обидува да ја дестабилизира новата сириска власт, користејќи го безбедносниот вакуум во земјата по промената на режимот во декември 2024 година.“


