Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети.
Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност.
Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Актуелно
- Средба Сали – Варнс: САД остануваат наш најсилен стратешки партнер
- Хаос во Судан: Во бродолом загинаа 21 лице
- Ужас го потресе светот: Разбиена педофилска мрежа, малолетни деца намерно инфицирани со ХИВ
- (ФОТО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа
- Крвав ден во Бугарија: Маж избоде три лица, убиено 21-годишно момче, меѓу повредените и 15-годишно девојче
- Тела на две бебиња пронајдени во замрзнувач во семејна куќа: Хорор во Франција
- Измислувале продукти кои не постојат за да наместат тендер: Поранешниот директор на „Водовод“ – Кочани и уште три лица заработија кривични
- Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството


