Спортистите нема веќе да рекламираат казина - имале џентлменски договор
Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски.
Станува збор за спортистите Кирил Лазаров (ракомет), Горан Пандев (фудбал) и Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), кои рекламираа обложувалници и казина.
„Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев нема повеќе да рекламира спортска обложувалница, нема ниту Иџе да рекламира, а на Лазаров му заврши договорот со компанијата, и нема да го продолжи. Мислам дека овие лица ќе ги видите на другата страна, како промовираат вистински вредности“, рече Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа