Според глобалниот индекс на мирот: Исланд е најбезбедната земја на светот, Македонија е на 38 место

 

На листата на најбезбедни земји според Глобалниот индекс на мирот, Исланд се смета за најбезбедна земја во светот.

Според објавениот список Македонија е на 38 место, неколку места пред нас е Бугарија а позади нашата држава се Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија и Косово.

GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти, според „klix“.

Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, додека трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.

Кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија која е на 8 место. Хрватска е на 14 место, Северна Македонија на 38, Босна и Херцеговина на 61 место и Србија на 65 место, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот, пренесува медиумот.

На другиот крај од спектарот, според написите, се земјите кои страдаат од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно несигурни – Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.

02.10.2023 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега