СПМ: Вицепремиерот Маричиќ не е дораснат на функцијата што ја има - манипулира со граѓаните

 
„Социјалистичката партија на Македонија неколку пати укажува дека вицепремиерот Маричиќ не е дораснат на функцијата што ја има со оглед дека манипулира со граѓаните. Маричиќ без срам лаже дека единствен услов за влез во ЕУ се уставните измени. За овој неодговорен владин функционер корупцијата, криминалот и негативните оценки од Извештајот за Македонија од ЕК не се важни“. Вака реагираат од Социјалистичката партија на Македонија во однос на интервјуто на вицепремиерот Бојан Маричиќ за МИА, во кое истакнува дека изгласувањето на уставните измени се единствен пат на влезот на земјава кон ЕУ.
 
„Народот во огромно мнозинство е против уставни измени но тоа за овој неук човек не е битно.
Маричиќ очигледно дека работи само за бугарските империјални барања, а на штета на македонската нација. Бара прифаќање на Протоколите со кои се негира постоењето на македонскиот народ и сите негови идентитетски обележја како и уставни измени по секоја цена.
Маричиќ како пион на Заев и Ковачевски го убедува народот дека предавството на СДС и ДУИ е во интерес на државата.
 
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека одговорност за лагите, криминалите и корупцијата мора да има и тоа лична и кривична и да се бара надомест на штетите што се направени.
Укажуваме дека изборите се ближат и овие неодговорни ликови и предавници мора да бидат казнети од граѓаните“, стои во реакцијата на СПМ испратена до медиумите.
09.12.2023 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега