СПМ: Потребни се предвремени парламентарни избори
„Социјалистичката партија на Македонија повторно го нагласува ставот за неможноста за реализација на лесно прифатеното сценарио на власта за уставните измените и преамбулата на Уставот“. Оваа порака ја испраќаат од СПМ преку писмено соопштение до медиумите, во кое потенцираат дека нашата држава била во криза, а решението од ситуацијата го гледаат во предвремени парламентарни избори.
„Со денешното спротивставување на опозициската Коалиција „Обнова на Македонија“, СПМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПСМ со гласањето против при утврдувањето на дневниот ред на седницата на Комисијата за уставни прашања македонските народни пратеници го потврдија принципелниот став против уставните измени. Истовремено се потврди и очигледната немоќ на власта да обезбеди двотретинско мнозинство.
Оттаму наместо за деловничките десет дена, комисијата расправата експресно ја заврши за два часа. Комисиското изгласување на заклучоците со кои на Собранието му се предлага да се пристапи кон измени на Уставот претставува неуспешен обид на власта да најде начин да излезе од ситуацијата за која самата е виновна“, велат од СПМ.
„Власта пресонифицирана во премиерот Ковачевски не успеа да постигне натпартиски консензус затоа што повеќе од една година остана глува на опозициските ставови, принципиелни барања и суштински укажувања, со што го затвори просторот за било каков разговор на оваа тема, а државата ја насочи на секојдневно пропаѓање. Социјалистичката партија на Македонија пред македонската јавност го реафирмира ставот дека уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ја имаат нашата поддршка. Македонските социјалисти остро се спротивставуваат на кршењето на суверенитетот на Република Македонија. Ние во целост го почитуваме, го прифаќаме и го споделуваме ставот на огромно мнозинство од македонскиот народ кој е против самоволието и насилството на власта. Социјалистичката партија на Македонија со сета сериозност и историска одговорност и укажува на власта на апатридниот СДС и ДУИ на целосното фијаско во спроведувањето на надворешната политика и преку скандалите, корупцијата и криминалот за нејзината вина за закочување на еврионтегративниот процес на Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија и предлочува на македонаката јавност дека Република Македонија се наоѓа во длабока политичка криза со што е сериозно навлезена во процесот на делегитимација на однародената власт за што како единствено решение се брзите предвремени парламентарни избори и нејзина смена по волјата на македонските граѓани“, стои во соопштението на опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа