СПМ: Нема да учествуваме во работната група за уставни измени
„Социјалистичката партија на Македонија неколку пати укажува на доминантно негативниот став на граѓаните за промени на уставот. Тоа е особено важно за иницијаторот на уставни промени да не започнува процес спротивен на вољата на граѓаните.“- велат во соопштението од СПМ.
-Власта е уценета и под притисок настојува да се прифатат неразумните бугарски барања.
Копенхагенските критериуми за прием во ЕУ не предвидуваат промени на Уставот, ниту задоволување на бугарските империјални барања за ставање на Македонија во подредена положба.
Социјалистичката партија на Македонија во овакви околности не поддржува никакви промени на македонскиот Устав што би се правеле во недемократски амбиент со окторирана и уценета власт.
Социјалистичката партија на Македонија нема да партиципира во работната група на власта која нема мандат ниту легитимет за вакви уставни промени. Таа треба да се формира дури откако ќе се изгласа потребата за промена на Устав во Собрание, со потребното двотретинско мнозинство.-додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа