СПМ: Не за уставни измени, брзи предвремени парламентарни избори

 

Социјалистичката партија на Македонија ги предупредува граѓаните и македонскиот народ на повторното кршење на Уставот од страна на одродената влада и политичките партии сведени на обични полтрони на ДУИ и СДС како партија поддржувач, велат од СПМ во реакција испратена до медиумите.

„Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека уставните измени се последица од минатогодишното исклучување на опозициските партии од преговарачкиот процес, како и од собраниското надгласувањето за прифаќање на ткн.француски предлог во кој е соддржано новото бугарско барање за измени во Уставот на Република Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека со најновото владиното безумие и насилството се крши Уставот и собранискиот Деловник.

Напоменуваме дека Уставот не предвидува никакво формирање на комисија надвор од Собранието и матичната Уставна комисија.

За самите уставни измени потребно е создавање на атмисфера со изграден политучки консензус кој што не е постигнат, но и пленарно изјаснување со двотретинско мнозинство за оправданоста за уставни измени. Воедно, и расположението кај граѓаните во огромен број е против било какво менување на Уставот.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека било каква комисија во било која форма, како онаа во ненадележното и крајно неуспешно Министерство за правда, и било која и било каква дискусија и дебата ги смета за беспредметни и за спротивни на законот и на интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, стои во реакцијата.

„Воедно со покажаната тврдоглавост, непочитување на гласот на народот и насилството врз институциите власта е единствениот виновник за дополнителното продлабочување на политичката криза и нови поделби по сите основи.

Социјалистичката партија на Македонија ја упатува Владата и партиите во власта на вразумување и прифаќање на реалноста, на расположението и барањето на граѓаните не за уставни измени туку за спроведување брзи предвремени парламентарни избори“, додаваат оттаму.

11.04.2023 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега