Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови во Струмица, откако млада девојка паднала во провалија под тврдината Цареви Кули. Благодарение на брзата и професионална интервенција на пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица, девојката е успешно извлечена од бездната.
Акцијата се одвивала на локацијата викана „Црвен Дол“, на исклучително тежок и непристапен терен. Шестмина пожарникари со две теренски возила се бореле со непристапноста на теренот, користејќи специјална алпинистичка опрема и носила за да стигнат до повреденото лице и безбедно да го извлечат.


