Владата на Црна Гора донесе радикална одлука за спас на стандардот на граѓаните – привремено се намалуваат акцизите на евродизелот за дури 50 проценти, додека кај бензините кратењето изнесува 25 проценти. Оваа мерка стапува на сила од понеделник на полноќ.
Без оваа интервенција, Црногорците ги чекаше вистински шок: дизелот требаше да поскапи за неверојатни 33 евроценти, а бензините за 22 центи. Со новата одлука, наместо енормно поскапување, цените ќе се зголемат само симболично за четири до шест евроценти по литар.


