Вчера во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.
Актуелно
- Спасувачка акција во Македонска Каменица: Полицајци со скали спасувале маж од запалена куќа
- ССМ утре ќе ја блокира Владата
- Менаџер на продавница во Чаир „олеснил“ сеф за 45.000 евра: Парите ги крие и не ги враќа
- Едни кочат други летаат: „Безбеден град“ регистрираше илјадници прекршоци за една недела
- Драма на Бит Пазар: Скопјанец со сила ја турнал жена во автомобил и ја нападнал
- Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица
- Разбиена дилерска група во Струмица: Со месеци препродавале екстази
- Падна полицајка: Сопругот со нејзиниот пиштол се заканувал во кафеана во Трубарево

