Спасовски за „бомбашите“: Има група, кога ќе имаме докази ќе има и кривична

 

МВР продолжува со истрагата за откривање на лицата кои се закануваа со бомби.

Министерот Спасовски соопшти дека за сега не може да даде било каква информација до каде е истрагата, но дека јавноста навремено ќе биде известена за се.

„Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега не може да се соопштат детали, кога ќе може ќе се соопштат на време. Најдобро е да се следат информациите кои доаѓаат од релевантните институциии. Сега има многу информации но и дезинформациии”, рече Спасовски.

Тој одаде дека во моментов се истражува група и кога ќе бидат обезбедени потребните докази ќе биде поднесена кривична пријава.

„Во однос на истрагата има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена”, изјави Спасовски.

Изминатиот период голем број институции, трговски центри, станбени и деловни објекти, беа под закани за поставени бомби.

30.03.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега