Спасовски за бегството на Груевски: Извади голема сума на пари, беше следен

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово во „Утрински брифинг“ зборуваше и за деталите од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

-Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам. Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност. Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните. Тој беше олицетворение на криминалот. И тогаш истата ситуација се случува. Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита. Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО. Затоа што не може ако ги составувате информациите тие да не се проследуваат понатаму или да не бидат индиција дека може да ни се случува нешто. Затоа многу е важно да имаме легислативна реформа, но исто така и исто толку важно е да го смениме нашиот ум во перцепирањето и размислувањето. Да знаеме што е тоа што треба да правиме, да бидеме многу поодговорни према државата и граѓаните и затоа со сите сили треба да удриме на криминалот и корупцијата, дециден е Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега