Спасовски се пофали: МВР заштеди многу струја во првите два месеци годинава

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи објави дека е остварена значителна заштеда на електрична енергија на ниво на МВР во јануари и февруари оваа година.

Според споредбата од неговата објава, во 2021 година во првите два месеца потрошени се 3.193.402 kw/h, додека во 2023 година потрошени се 2.599.814 kw/h електрична енергија.

Добро позиционирана стратегија носи резултати. Продолжуваме со спроведување на мерки и активности кои значат штедење на електрична енергија и вложување на поздрава животна средина. Од руинирани објекти на МВР низ целата држава, до над 80 енергетско ефикасни објекти со работни услови по највисоки стандарди, стои на објавата на Спасовски.

Тој понатаму во во објавата вели дека ова раководство на МВР во континуитет ги следи потребите и можностите за наоѓање на нови решенија кои ќе придонесат до рационално користење на електричната енергија и енергенсите, со подобрување на работните услови на вработените во МВР, што за возврат носи бенефит од подобрена безбедност на целото општество. 

15.03.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега