Спасовски: Процедурата за набавка на двојазични униформи е во тек
Наредната година ќе се продолжи со набавка на нови униформи за полицијата и специјалните единици на МВР, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од тетовско Жеровјане каде изврши увид во целосно реконструираниот објект на полициското одделение.
– Како Министерство и како Влада посветени сме кон целосно остварување на планираните системски реформи, преку целосна реализација на тој императив и во наредната година ќе се продолжи со набавка на нови униформи за полицијата и специјалните единици на МВР, како и набавка на оружје, муниција, заштитна опрема, бидејќи на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, рече Спасовски.
На новинарско прашање дали станува збор и за двојазничните униформите за кои поранешниот министер ги потпишал нормативи, Спасовски потенцираше дека процедурата е во тек.
-Во тој период беше покрената постапката во однос на реализација на законските одредби. Таа постапка е пред Влада. Штом ќе заврши ќе започнеме со имплементација, рече Спасовски.
Министерот Спасовски истакна дека Секторот за внатрешни работи Тетово во изминатите три години има сериозно подобрување во резултатите.
-Ако ме прашате колку сум задоволен од работењето, можам да кажам дека добро се работи меѓутоа никогаш не може да бидете до крај задоволни затоа што секогаш може многу повеќе и многу подобро. И тоа е мојата цел никогаш да не бидеме задоволни но секогаш да бидеме помотивирани да направиме повеќе од тоа што сме направиле до сега. Ако погледнете и по резултатите да видите дека навистина во изминатите три години имаме сериозно подобрување во резултатите на СВР Тетово. И како што е во целата држава. Тоа може да ни биде мотивација повеќе плус, за да ги подобруваме условите за работа и да работиме опертаивно да имаме посстабилна состојба. Во тој дел заедно ќе придонесуваме да се подобри безбедноста за која е важна соработка помеѓу граѓаните локалната заедница и полицијата. Градоначалници на Боговиње и Брвеница само заедно побезбедни, истакна министерот Спасовски во Жеровјане.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа