Спасовски од Куманово: Вложувања во спортска инфраструктура, грижата за младите и пензионерите продолжува
Носителот на изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски денеска од Куманово порача дека продолжува грижата за сите граѓани. Тој потсети дека во Куманово се изградени две спортски сали, а наскоро ќе биде завршена уште една. Изјавата пред медиумите, Спасовски ја даде пред комплексот Базени во Куманово, проект за кој кажа дека изграден во мандатот на СДСМ, најавувајќи дека ќе се реконструира спортската сала и ќе се задржи нејзиниот автентичен лик.
– Можеме, е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска, дека продолжуваме по правиот пат. За младите, градиме држава којашто е иновативна и во којашто младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Тоа е нова, развојна македонска економија којашто носи стабилност и шанса за сите, наспроти мрачното минато и кражбите што создаваа шанси само за себе, изјави Спасовски.
Носителот на листата од ИЕ 2, најави дека за време на кризата ќе се задржи минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето ќе се обезбеди раст на минималната плата до 40 проценти, раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Во програмата на СДСМ, додаде тој, предвидена е нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години.
-Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија – да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари, бидејќи висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните четири години, тоа значи отворени можности и сигурен раст на пензиите. Знаеме, градиме, вложуваме, се грижиме за сите и заедно продолжуваме по правиот пат, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро, рече Спасовски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа