Спасовски: Обезбедивме сигурност за граѓаните и државата и зборуваме за нови иницијативи
Една опција има на овие избори - тоа е сигурноста што ја обезбедивме и ја гарантираме. И можеме уште повеќе и уште подобро. Направивме пресврт за три години, од режимски систем - во држава којашто напредува. Треба да продолжиме со нови иницијативи по тој пат, во заштитата на јавното здравје и за брза трасформација и развој на економијата.
Ова денеска го истакна носителот на кандидатската листа на Коалицијата на СДСМ, „Можеме“, Оливер Спасовски, додавајќи дека реализирана е една стратешка цел, членството во НАТО.
Вели дека втората стратешка цел е почната, а тоа е одлука за почеток на преговорите со ЕУ.
-Ја покренавме економијата, додека решававме стартешки прашања за државата. Го осигуравме македонски јазик, идентитетот, државата ја осигуравме на светската карта на држави. Ги заштитивме граѓаните и државата во здравствено-економската светска криза од најцрните сценарија - се грижиме за јавното здравје и не дозволивме никој да е оставен без егзистенција. Нашиот концепт е сигурност. Што има на другата страна?! Грабеж на парите на граѓаните, криминал, мрачни времиња, меѓународна изолација, режим, рече Спасовски.
Вели дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести и конструкции.
-Што ќе речат од ВМРО-ДПМНЕ – ќе го вратиме режимот?! Затоа лажат. Тие кога беа власт се однесуваа неодговорно и во опозиција се однесуваат неодговорно, затоа се опасност за државата и граѓаните. Ние покажавме како чесна и одговорна влада се грижи за сигурноста на граѓаните и државата. Нема друга опција за правиот пат – сигурноста е опција за граѓаните и државата. На прав пат сме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро, рече Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа