Спасовски: Моето Куманово го ослободиле македонските партизани, но ако не си простиме не може напред

Моето Куманово го ослободиле македонските партизани на 11 Ноември, Македонија е ослободена во бобите на Народнослободителната борба против фашизмот. Ова се факти за кои не треба да дебатираме. Но, ако не си простиме за тоа што се случувало во минатото, не може да одиме напред, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по интервјуто на премиерот, Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Спасовски не одговори конкретно дали стои зад ставовите на премиерт кои ги изнесе во ова интервју, но од она што гокажа можеше да се заклучи дека му дава поддршка на Заев, откако претходниот претседател на СДСМ побара партијата да се огради од сегашниот лидер Заев.

Тој на пресот во Владата истакна дека зборува како министер за внатрешни работи.

Многу е важно уште еднаш да се повотрат некои факти кои се неспорни АСНОМ е историска потврда на македонскиот јазик и иденетитет и нашата државност почива врз делата на антифашизмот и тоа не било и не смее да биде доведено во прашање, рече Спасовски. Тој го спомена примерот со европските земји кои не си го заборавило минатото, но си простиле.

-Ако не простите за тоа што се случувало, не може да одите напрад. Тоа е и заложбата на премиерот да направиме сѐ за изнаоѓање на решенија, такви решенија се изнаоѓаат само преку дијалог, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега