Спасовски: „Кртовите“ на Мијалков можат да бидат и во МВР, во Обвинителството и во судството и во тајната полиција

Истрагата за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже каде е пропустот, дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот во целокупниот систем на функционирање, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Трилинг на Телвизија 24.

Тој истакна дека во МВР не постојат електронски алки или уреди, во времето на Владата на ВМРО – ДПМНЕ биле обезбедени електронски алки во Агенцијата за изрекување санкции и тие се однесуваат за издржување казна домашен затвор.

– Ние немаме електронски алки или електронски систем за ЏПС следење на кој било што се наоѓа во притвор – изјави министерот Спасовски, додавајќи дека МВР,  Мијалков го безбедува физички со 24-часовно присуство на полицијата.

Спасовски поси дека „кртовите“ на Мијалков можат да бидат и во МВР и во Обвинителството и во судството и во тајната полиција.

– Се направија низа чекори од страна на институциите пред се во однос на тоа да детектираме кој може да помогне, значи членовите на неговото приватно обезбедување, членовите на неговото семејство и целокупниот имот што го поседува беа еден од начините за да можеме и да дојдеме до него и да биде задоволена правдата. Кој е инволвиран во бегството, верувам дека на крајот од истрагата ќе се покаже – рече Спасовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега