Спасовски: Кристално чисти избори, уште еднаш ги покажавме европските вредности!

 

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски смета дека предвремените парламентарни избори се фер и демократски.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека нашата држава уште еднаш на дело ги покажала европските вредности.

„Нашата држава покажа дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ.

Како народ, како Влада и како држава, покажавме уште еднаш, европски вредности – на дело.

Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја“, напиша Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега