Спасовски: Ја променив веднаш одлуката Ромите да не патуваат, што е помалку еден Ром од Македонец?

„Од Шуто Оризари пораката за недискриминација најмногу значи. Во време на режимот на Ромите не им беше дозволено да излезат од државата. Веднаш ја променив таа одлука кога станав министер. Што е помалку еден Ром од еден Македонец? Не смее да ни се случи власт што ги дискриминира ромите“, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Шутел.

„Велеа и дека ќе влечат за уши. Затоа велиме никога повеќе режим и вие најдобро знаете што тоа значи. Масовно да излеземе на изборите на 15.јули и сите сплотено, заеднички да продолжиме по патот на сигурноста што го трасираше оваа Влада“, повика Спасовски во интервјуто за ТВ Шутел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега