Спасовски: Има индиции дека марихуаната од Арачиново е изнесена надвор и продадена
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24 истакна дека од септември досега биле направени неколку акции и биле пресечени два меѓународни канала за шверцување на марихуана. За кражбата на марихуаната од складиштето во Јосифово, од која потоа беа пронајдени само 300 килограми во Арачиново, рече дека постојат индиции оти дрогата е изнесена надвор и продадена.
-Од септември до денеска имаме голема ефикасност. Имавме заплена на марихуана во Јосифово, во Крушево. Последните 20 дена пресековме два меѓународни шверц канали. Запленивме над 550 килограми марихуана и 100 килограми хашиш. Во Сингелиќ запленивме четири и пол килограми хероин и килограм кокаин. Ќе продолжиме со оваа сериозна неселективна борба. Даваме податоци колку дрога е запленета. Од украдената дрога од Јосифово, пронајдовме повеќе од 300 килограми во Арачиново, но останатата дрога не е пронајдена, истрагата е во тек. Има индиции дека дрогата да е и надвор од државава. Имаме сериозни докази за дрогата од Јосифово, шест кривични пријави има за тој настан. Во оваа држава мора да се стави до знаење дека секој мора да си одговара, нема врски ниту партиски ниту роднински, нагласи Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа