Спасовски- Дуџак: Продолжување на одличната соработка и координација во областите од заеднички интерес

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со Росана Дуџак, резидентен координатор на ОН во Република  Македонија.

На состанокот, соопштија од МВР, била разгледана досегашната соработка меѓу МВР и агенциите на Обединетите нации во земјава и биле дадени предлози за идни активности од областа на борбата со организираниот криминал, миграцијата, родово базирано насилство како и активности за натамошна професионализација и унапредување на демократското полициско работење.

Спасовски и Дуџак на средбата изразиле уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и координација во областите од заеднички интерес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега