Спасовски: Безбедност во собраќај е важен приоритет- изминативе месеци покажавме дека е можно намалување на сообраќајките
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) набави опрема за потребите на Министерството за внатрешни работи со цел унапредување на контрола на патниот сообраќај, но и за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска која денеска ја предаде опремата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за потребите на сообраќајна полиција, изјави дека ваквиот пристап е позитивен пример, кој треба да се имплементира и надградува и во наредниот период.
-Соработката меѓу РСБСП и МВР е наша заедничка цел и наша законска обврска. Едукативно превентивните кампањи кои заеднички ги реализиравме во изминатиот период поддржани со засилени контролу од страна сообраќајната полиција, придонесоа за намалување на бројот на сообраќајните незгоди во 2020 година, рече таа.
Како што посочи, континуираното унапредување на работата на сообраќајната полиција и подобрување на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај.
Кожуваровска додаде дека примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полиција.
Претседателката најави дека соработката меѓу РСБСП и Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во наредниот период на сите нивоа и во повеќе области.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека безбедност во собраќај е важен приоритет.
-Изминативе месеци докажавме дека е можно намалување на бројот на собраќајни негзоди и подигнување на ниво на сообраќајна култура во сите учесници на сообраќајот. Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, РСБСП секоја година 30 отсто од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлжната организациска единица во МВР, која врши конторла и регулирање на сообраќајот на патиштата, рече Спасовски.
Согласно таа законска обврска, Спасовски информира дека РСБСП годинава обезбеди 15 моторцикли со комплет опрема во вредност во над 7 милиони денари.
Тој очекува и во наредниот период соработката да продолжи да се реализира на едно високо и професионално ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа