Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

    Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

    03.12.2025 во 16:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз заедно со пратеничката група на левица и беше поддржана од европскиот фронт, изјави Оливер Спасовски – координатор на ПГ на СДСМ.

    СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени, рече Спасовски.

    „Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум.

    Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи.

    Ова претставува уште едно понижување, разочарување на семејствата коишто изгубија најмногу и коишто не можат ништо да надоместат со било каква дебата и од било кого“, истакна Спасовски.

    Спасовски нагласи дека родителите и семејствата чекаат барем трошка надеж, барем трошка вистина, барем малку човечност и барем еден знак дека институциите се на нивна страна.

    „Ова е срам за оваа институција, парламент за законодавна власт којашто треба да биде за сите граѓани и треба да работи за сите граѓани. Денеска пропуштивме една огромна шанса во којашто треба да покажеме единство и солидарност.

    СДСМ тоа го покажа при гласањето. За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство покажаа партиски интерес и партиска послушност и сето тоа укажува дека се се прави заради одредени партиски поени.

    Но сето ова е факт дека досегашните нашите наши тврдења дека актуелната власт се плаши од вистината за за Кочани се покажа и на дело. Меѓутоа СДСМ, а верувам и колегите од опозицијата ќе продолжат и понатаму да се борат за правдата, да се борат за вистината, да се бориме за сите граѓани коишто се засегнати во овој случај“, потенцираше Спасовски.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    Случај „Онкологија“: Вештак открива хаос – за 50 пациенти воопшто нема медицинска документација

    11.03.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.