Спасов: Со валкана игра Ахмети се обидува одново да си ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција

Универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Ѓорѓи Спасов со објава на својот Фејсбук профил реагира на денешната покана од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август, каде вели дека Ахмети пак манипулира.

– Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички состанок на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците. Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на воен команданант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа амнестија за хашките случаи за какви денес им се суди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК, напиша Спасов.

Соочен со губењето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците, посочува тој, сега Ахмети се обидува со валкана игра одново да си ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција.

– Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје.Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци. Но, за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ. Но, така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката, напиша Спасов на својот Фејсбук профил

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега