„Создадовме најсеопфата изборна измама во историјата на Америка“: Интервјуто на Бајден крена голема прашина (ВИДЕО)

 

Зборовите што избраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, ги даде во интервју за портал минатиот месец, беа извадени од контекст, пишува Њујорк Тајмс.

За време на интервјуто на 24 октомври претседателот Џо Бајден , според пишување на некои медиуми изјавил: „Создадовме, мислам, најсеопфатна и инклузивна организација за изборни измами во политичката историја на Америка“.

Според Њујорк Тајмнс снимката на Јутујб е прегледана повеќе од 17 милиони пати.

Меѓутоа, Лист тврди дека Бајден Овие зборови се извадени од контекст и дека снимката е изменета на таков начин што се добива впечаток дека Бајден признава дека ќе ги лажира изборите.

Њујорк Тајмс ја пренесува изјавата на Т.J. Докл, портпарол на изборниот штаб на Бајден, кој вели дека Бајден всушност зборувал за напори да се спречат изборни измами и дека изјавата е извадена од контекст.

„Ние го собравме најсеопфатниот и најсофистицираниот тим во историјата на претседателските кампањи со цел да се соочиме со нарушување на правата на гласачите и да се бориме против измамите за време на гласањето, како и да се манифестираат тие“, е она што Бајден всушност го рече во интервјуто, според портпаролот.

Во исто време, оние што ја проверуваат автентичноста на информациите на Твитер, ова видео го обележаа како измама, бидејќи е без контекст, Фејсбук исто така го обележа како измама, но на некои страни не беше така како на пример на страната на синот на Трамп, Ерик Трамп, и на страницата на изборниот тим на Трамп, објави Спутник.

На Јутјуб, каде видеото беше прегледано 800 000 пати, исто така не беше означено како погрешно, а портпарол на таа платформа рече дека видеото не ги крши стандардите на таа заедница.

Спутник додава дека изборниот штаб на Бајден продолжи со собирање средства за правна борба против Доналд Трамп.

На веб-страницата на кандидатот за претседател на САД, Џозеф Бајден, повторно започна апелот до донаторите за финансиска поддршка.

„Потребни ни се средства за претстојните правни спорови, со цел да се осигураме дека Трамп нема да ги добие само затоа што немаме пари да им се спротивставиме“, се наведува во апелот на веб-страницата на Бајден, пренесува Спутник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега