Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово, и снег во Скопје

 

СДСМ освен со манипулации започна да се служи и со халуцинации. Поминаа повеќе од 20 часа од спектакуларната објава на Шилегов за снежно Скопје. Но по 20-тина часа се уште ниту трага од снег, ниту една снегулка има во Скопје,  стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

– Очигледно е дека статусот градоначалникот Шилегов го пишувал од својата раскошна хациенда во Маврово.

Но она што е очигледно дека Шилегов ќе потроши над 100 илјади евра за чистење на снег кој што го нема во Скопје. Толку за жал ќе чини годишниот тендер, велат тие.

– Додека граѓаните немаат пари за леб, Шилегов ќе троши народни пари за непостоечки снег во Скопје. Шилегов освен што уништува и создава хаос низ Скопје, тој преку тендери си го полни својот џеб на сметка на граѓаните, тврди советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега