Close Menu
Press24
    Најново

    Млада девојка паднала од балкон во Тетово, итно однесена во Скопје

    15.03.2026 во 10:56

    Државата и бизнисот се здружуваат против сивата економија

    15.03.2026 во 10:50

    Паднаа глобалните берзи

    15.03.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада девојка паднала од балкон во Тетово, итно однесена во Скопје
    • Државата и бизнисот се здружуваат против сивата економија
    • Паднаа глобалните берзи
    • Сообраќај непречен на сите државни патишта, апел за внимателност
    • Сончево со умерена облачност денеска, од утре заладување и дожд
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

    Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

    18.02.2026 во 17:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП  е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

    Претпријатието располага со 341 автобус, но иако 185 се технички исправни, на улиците секојдневно сообраќаат само 157. Во 2015 година граѓаните имале на располагање 316 автобуси дневно, а денес таа бројка е за околу 40 проценти помала.

    Истражувањето покажува и драстичен пад на корисниците на јавен превоз.

    „Оваа бројка е најфрапантна 30 милиони патници помалку се превезуваат. Во исто време, бројот на исправни автобуси што дневно се ставаат во употреба исто така е намален. И денеска имаме само 157 такви автобуси, а пред 10 години имало повеќе од 300. Значи повеќе од половина е намален и бројот на автобуси што се користат во главниот град“, изјави Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

    Дополнителен проблем е што автобусите се стари. Во просек, секој е користен над 13 години. Само 10% од автобусите имаат највисок еколошки стандард, останатите не го исполнуваат овој услов.

    -80% од овие автобуси се оние кинески и украински, купени одамна. Имаме исто така десеттина автобуси 33 години што се стари. Така што, тоа се рефлектира и врз тие еколошки стандарди. Само малку имаме кои се оценети еколошки 6, другите се со стандарди 4 и 5. Тие со 4 и 5 повеќе загадуваат, тоа се автобусите со нафта. Оние со шест се автобуси што користат природен гас, додава Филков.

    Ги прашавме граѓаните, има ли доволно автобуси во метрополата. 

    Последно, градоначалникот на Град Скопје најави дека е отпочнат процес за набавка на 130 автобуси. 100 Владата ќе набави со парите со кои државата се задолжи кај Унгарија, а останатите 30 преку БРТ. Ѓорѓиевски очекува најголемиот дел автобусите да пристигнат до крајот на годината.

    Истражувањето  на ЦГК е спроведено врз основа на податоците преземени од годишните извештаи на Јавното сообраќајно претпријатие, како и од податоците добиени од претпријатието врз основа на слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.