Состојбата со коронавирусот во Велес

 

Во Општа болница Велес моментално  хоспитализирани се вкупно 69 пациенти и тоа 37 на инфективно одделение, 7 пациенти на интерно одделение и 25 пациенти во модуларната болница. Од овие пациенти 48 се потврдени позитивни на Ковид 19, осумнаесет се негативни на вирусот но се задржани на болничко лекување поради компликации, сомнителни се тројца пациенти за кои се очекуваат резултатите од тестот. На кислородна поддршка се 34 пациенти.

Од ковид-пациентите кои се лекуваат во велешката болница 30 се од Велес, 25 се од Свети Николе, 10 се од Јаболчиште и по еден пациент од Оризари,Бузалково,Виничани и селото Криволак.

Се' уште има слободни кревети во ковид одделенијата, на интерно има слободни уште 8 кревети, на инфективно има 13 слободни кревети и во модуларната болница има уште 18 слободни кревети.

„Засега нема недостиг од кислород за ковид пациентите, затоа што Кислородни боци континуирано се доставуваат во болницата“ - информираше првиот човек на Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Во јавните установи основани од Општина Велес нема вработени заболени од Ковид 19 ниту пак во изолација, освен еден вработен во ЈКП „Дервен“.

Во основните и средните училишта, ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ и градинката „Димче Митрев“ има вкупно 10 ученици позитивни на Ковид19, во изолација се 42 ученици и ученички, пет позитивни наставници и наставнички, шест се во изолација, еден директор е позитивен на вирусот  и од техничките служби во јавните установи петмина вработени се позитивни на Ковид 19.

17.09.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега