По повод 25-годишнината од постоењето на СОС Детско село Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечениот јубилеен настан, на кој Општината доби јубилејна плакета како признание за успешната соработка и придонесот во остварувањето на мисијата на организацијата.

Од Општина Карпош упатија честитки за 25 години посветена работа, грижа и поддршка за децата, со порака дека „ниту едно дете не треба да расте само“.

Свеченоста се одржа под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а беше посветена на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години.

Јубилејот беше одбележан со уметничка програма исполнета со песна, игра и други настапи.

Exit mobile version