Сопственик на угостителски објект во Охрид и сограѓанин заработија кривични - препакувале кокаин и хероин и го продавале
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) и С.Н.(56), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Првопријавениот набавил кокаин и хероин и заедно со второпријавениот во угостителски објект во Охрид, сопственост на првопријавениот, ги препакувале и вршеле продажба на подрачјето на Охрид.
При претрес во објектот биле пронајдени дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин и дробилка со остатоци од марихуана.
24.10.2024 - 16:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа