Сопругата на ерменскиот премиер оди во војна- во чета од 13 жени од утре почнува со обука

Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска објави дека по воената обука, таа и уште 13 жени ќе заминат во Нагорно-Карабах.

„Од утре, чета од 13 жени, вклучувајќи ме и мене, ќе започне воена обука. За неколку дена, ќе почнеме да помагаме за заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да му се предадат на непријателот“, напиша таа на својот профил на „Фејсбук“.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека синот на премиерот на Ерменија, Ашот Пашинијан, оди во Нагорно-Карабах, каде траат борбите со Азербејџан за оваа спорна енклава.

Ана Хакобјан тогаш изјави дека нема ништо поблагородно од давањето на својот живот за татковината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега