Close Menu
    Најново

    Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани

    15.11.2025 во 14:37

    Јаневска: Преку развој на формалното и неформално стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата

    15.11.2025 во 14:17

    Манасиевски: Ако во правосудството проблемот е до платите, премиерот најави дека ќе има зголемување

    15.11.2025 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани
    • Јаневска: Преку развој на формалното и неформално стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата
    • Манасиевски: Ако во правосудството проблемот е до платите, премиерот најави дека ќе има зголемување
    • Екипи на две локации во Охридско езеро: Најдени четири експлозивни направи
    • Пожар во Охрид – уапсени двајца кои палеле хартија и дрвени предмети
    • Утре сончево, од вторник најавени врнежи
    • (ВИДЕО) Манасиевски: СДС со Заев и Филипче само тоне во бездната
    • Семејно насилство во кумановско: Двајца мажи ги натепале нивните сопруги
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани

    Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани

    15.11.2025 во 14:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, денеска во обраќање пред Собранието ги повика пратениците да помогнат во потрагата по вистината за трагедијата. Таа во име на семејствата на загинатите побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за, како што рече, целосно и независно испитување на случајот.

    „Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка која е последица на ваков пропуст, негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои институции задоцнија, кој ја имал должноста да спречи, а не спречил. Бараме посебна анкетна комисија, затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска во говорот пред закондавниот дом.

    За неа, трагедијата во Кочани претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, на безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана по живот. Таа вели дека Анкетната комисија е неопходна за проверка на постапувањето на сите институции од локално до централно ниво, да се утврди евентуална политичка или службена одговорност и да се подготват мерки кои ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш веќе никому нема да се случи.

    „Ние не бараме сочувство, тоа за жал не ги враќа нашите најмили и не може да ни ја избрише болката. Бараме институционална вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта којашто ние ја преживеавме. Ваша должност е да ја заштитите јавноста и сите граѓани“,им порача Ѓорѓиеска на пратениците.

    Таа посочи дека на денешниот марш зборуваат како луѓе, семејства и родители, кои сфатиле дека трагедијата што се случи во Кочани може да му се случи на кој било и дека никој не е заштитен кога институциите не ја вршат својата работа.

    „Маршот за ангелите“ во Скопје започна во 12:05 од плоштадот „Македонија“.

    Популарно

    ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа низа разрешувања

    15.11.2025 во 10:22

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев

    15.11.2025 во 10:16

    Ѓорче Петров добива модерен кружен тек и нови сообраќајни проекти

    14.11.2025 во 19:05

    „Кадровско освежување“: Разрешена директорка на Државниот архив

    14.11.2025 во 21:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.