Сообраќајна несреќа во близина на манастирот Св. Јоаким Осоговски - тешко повредена млада кривопаланчанка


Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.  

17.09.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега