Сообраќајна несреќа кај с.Желино, едно лице е тешко повредено

Сообраќајна незгода го одбележа вчерашниот ден. Во тетовската полиција било пријавено дека кај с.Желино, на регионалиот пат Скопје-Тетово  се судриле две возила со тетовски регистарски ознаки.

На 16.09.2021 во 08.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(19) од с.Требош и товарно моторно возило „сканиа“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Т.(50) од с.Сараќино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.К. констатирани во Клиничката болница Тетово“- се вели во доставеното известување.

 Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

17.09.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега