Вечерва на автопатот Скопје–Велес, кај Петровец се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина).

На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба.

Поради интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвивал забавено, со краткотрајни застои во движењето на возилата, но истиот не е блокиран односно се пропуштаат возила.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Exit mobile version