Вчера во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од с.Требеништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа.
Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Македонска Каменица во тага: Прогласена тридневна жалост, се откажува новогодишната прослава
- Драма во Скопје: Уапсен возачот кој прегази дете и побегна од местото на несреќата
- СДСМ бара истрага за тендерот во „Пошта“: Се крадат 300.000 евра годишно преку корупциски шеми
- Кочан ладно во Македонија, во овој град се измерени -9 степени
- Детали за земјотресот кој ја погоди Македонија – познато каде е епицентарот
- Македонски железници добиваат нов лик: Потпишан заем од 21 милион евра за нови електрични локомотиви
- Пола Скопје ќе остане без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

