Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.
Актуелно
- Скопје полека застанува на нозе – Ѓорѓиевски најави инвестициски бум
- Филипче со конкретен план: Има пари за минимална плата од 600 евра
- Петрушевски: Лица од кампањата на Спасовски повикуваат на убиство на полицајци поради „Безбеден град“
- Хаос: Двајца дебарчани нападнале пет лица, а потоа се пресметале и со полицијата
- Уапсен напаѓачот кој фрли бомба во дворот на Здравко Чолиќ, полицијата трага по соучесникот
- Аларм: 36 бебиња со симтпоми на труење од адаптирано млеко
- Инцидент во Ријад: Делегацијата на канцеларот Мерц за малку избегна судир на патот кон аеродромот
- Град Скопје блокираше над 17.000 сметки: Се бара наплата на долг од 1,3 милиони евра

