Српската полиција, во соработка со БИА и Вишото јавно обвинителство, го уапси 31-годишниот С.М. под сомнение дека учествувал во бомбашкиот напад врз куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека истрагата продолжува и интензивно се трага по второто осомничено лице.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на 3 февруари, кога напаѓачите активирале и фрлиле рачна граната во дворот на семејниот дом. Иако е предизвикана материјална штета, за среќа нема повредени. Чолиќ во тоа време се наоѓал во Загреб поради работни обврски.

„Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго барано лице, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиње околу 4:52 часот наутро, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот“, изјави Дачиќ.

На осомничениот му е одреден 48-часовен притвор, а се товари за предизвикување општа опасност и нелегално поседување на експлозивни материи.

Exit mobile version