Сообраќајка меѓу автомобил и мотоциклист во Скопје: Возачот со автомобилот побегнал од местото на несреќата

 

На 09.12.2023 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Пандил Шишков“ и станбена улица која води на паркинг простор, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило кое го напуштило местото несреќата и мотоцикл „сузуки 750“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.И.(31) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

10.12.2023 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега