Двајца малолетници од вкупно шест лишени вчера за безобѕирно управување со моторно возило, еден возач во Гостивар возел без дозвола во спротивна насока

Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи, од кои пет за возење без возачка дозвола и еден за управување на возило под дејство на алкохол. Од петте возачи кои возеле без возачка дозвола, двајца се малолетници – еден во Скопје управувал мотоцикл, а друг во Штип без дозвола возел патничко возило. Двајца возачи во Гостивар управувале возило без дозвола, еден од нив возел и во спротивна насока. Исто така, еден возач во Струмица возел без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Exit mobile version