Сончево утро, а попладне промена- метеоролозите со прогноза какво време не очекува до крајот на неделата

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за крткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 07:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега